Ако имаш 22, мажот не смее да биде над 30?! Разлика во години и која е најприфатлива

Разлика Во Години-Колкава Разлика Е Најприфатлива

Одо кога е светот и векот знаеме примери кога едниот брачен партнер е значително постар од другиот. Но она значително се менувало со текот на годините и од земја до земја.

Просечната разлика помеѓу партнерите е од една до три години но еден процент од популацијата се со разлика од дури 20 години.

Во различни култури ваквите врски се одобруваат, а како причина се наведува покаснотот созревање на машките како и биолошките циклуси кои се мошне различни кај мажите и жените.

Разлика во години Да или Не

Трауми од детство, а не љубов. Многумина тврдат дека жените кои бираат постари маи имаат често нерасчистени односи во семејството. Во главно тие бараат цврста и стабилна машка фигура поради отсуството на татко во детсвото. Поради тоа вакавата врска е лечење на трауми, а не вистинска љубов.

Спонзоруши?

За жените кои бараат постари мажи често се вели и дека се спонзоруши, затоа што е познато дека повозрасните мажи подобро заработуваат. Пoради тоа се смета дека младите девојки во постарите партнери бараат новчаник, а не љубов. Но мораме да земеме во предвид дека се е од случај до случај и дека понекогаш предрасудите не загушуваат.

Реалативно

Да избереш 20 години постар партнер не исто доколку ти имаш 40 или пак 17. Во животот се зависи од случајот,тајмингот, условите и зрелоста на двете индивидуи.

Љубовта е слепа

Многумина тврдат дека луѓето се заљубуваат безглаво, кога одбираме партнер забораваме на целиот здрав разум и единствено важно ние да бидеме со личноста која ни значи.

Понекогаш тоа е личност која ние врсник, понекогаш е грд, понекогаш е дупло постара од нас,а понекогаш таа личност и не постои само сме фантазирале за неа. Како и да е секогаш врската поставете ја на здраво темели и чисти чуства.

Максима за прифатлива разлика

 

Најпозната максима за разлика помеѓу партнерите е на Морис Шевалије. Прифатлива разлика е жената да биде дупло помлада од мажот плус 7 години. По таа математика прифатливо е мажот да има 50, а жената не смее да има помалку од 32. Доколку мажот има 30, жената треба да има најмалку 22. Оваа љубовна математика е уште од 1931 год. и сеуште е прифатена во поголемиот дел од светот. За оваа математика 1951 година е направена и театарска претстава наречена “The moon is blue”.

Обавезно сакаме ваше видување на оваа тема!!!