Ако има совршен пар, тоа се Јулиана и Свен-Свадба на Месецот

Ако има совршен пар, тоа се Јулиана и Свен-Свадба на Месецот по наш избор

Совршена романтична љубовна приказна Јулиана и Свен. Таа е струмичанка, а тој германец. ….и се започна со една слика, така се запознавме-ни раскажа Јулиана-Џули.

Утрото пред свадба-венчаница Проновиас
Утрото пред свадба-венчаница Проновиас

Свен за прв пат доаѓа во Македонија пред две години како кум на детето на нашите фамилијарни пријатели.

Свен ја обожава Македонија
Свен ја обожава Македонија

Љубовта која не преплави не донесе пред олтарот во истиот манастир после две години за да го кажеме големото Да.

Свен Пред две години во истиот манастир беше кум
Свен Пред две години во истиот манастир беше кум

На сето ова претходеше запросување под Ајефеловата Кула во Париз како големо роденденско изненадување.

NESSUN DORMA – СВАДБЕН ТАНЦ НА ЈУЛИАНА И СВЕН, 23.6.2018 ГОД.

Geplaatst door Srecko Guncev op Maandag 25 juni 2018

Свадбата беше во Ројал парк Струмица а специјално изненадување беа Next time омилената група на Свен кој ја обожава Македонија и гордо играше оро и традиционалното качување на тапан.

СВЕН НА ТАПАНОТ

Geplaatst door Srecko Guncev op Zondag 24 juni 2018

Фустанот ми е од Pronovias од колекцијата 2018та , си го донесов од Германија. Ме шминкаше Драган Гоцев студио Даци, сликите ги правеа Studio 38.пееа Горан и Ленче Кукиќ.

Весели и полни со љубов Јулија и Свен
Весели и полни со љубов
Јулиана и Свен

На Јулиана и Свен од се срце им честитаме и им посакуваме љубовта засекогаш да остане во нивните срца и да изнародат убави деца како што се они двајца.

Ве сака вашата Во Бело.