Александра од Брза Кујна повторно ќе облече венчаница…

Прекрасната Александра која ја гледма на малите екрани како водителка на емисијата Брза Кујна пред две години го кажа своето големо Да.

Беше прекрасна невеста, а сега повторно ќе ја видиме во венчаница, но овојпат како заштитно лице на 9 тиот Саем за Венчавки-Wedding Weekend 2019.

Минатата година Александра дефилираше во венчаница на Мила Кадриу како една од многуте ѕвезди кои учествуваа на свечената модна ревија на венчаници по повод отворањето на 8миот саем.

Нејзината прекрасна насмевка и шарм ги освоија сите, а годинава како домаќин ќе го отвори саемот и воедно ќе биде со вас драги идни невести цел викенд.

Саемот ќе се одржи во х. Александар Палас од 22 до 24 февруар 2019, а на него ќе земат учество над 50тина изложувачи од сите категории за свадбениот ден.

Венчаници, ресторани, фотографи, декоратери, накит, бурми, костуми, обувки, покани и др… Буквално за еден викенд ќе можете да ја организирате вашата свадба.