Александра повторно ќе блесне во венчаница!

Десетиот јубилеен Саем за венчавки ќе ги отвори своите врати за точно 14 дена од денес 21-23 февруар. Прекрасната водителка на емисијата “Брза Кујна” и оваа година ќе биде домаќин на најголемиот настан од сферата на свадбите во Македонија и регионот.

Саемот ќе биде отворен за посетителите сабота и недела од 09-до 20ч, а влезниците се купуваат во самиот хотел. На програмата се закажани 10 индивидуални модни ревии на дизајнери и моден перформанс за накит.

Јубилејот ќе донесе многу изненадувања за посетителите и богата лотарија на која ќе можете да освоите вредни подароци од организаторот и изложувачите.

Некоја од нашите идни невести ќе добие на подарок венчаница од еден од дизајнерите, а некоја ќе добие накит, часовник итн…Секако во оптек е и нашата шопинг картичка која ја добивате со праќање на меил на vobelo.com@gmail.com со ваши податоци име презиме и датум на свадба.