Ања стана македонска снаа

Поранешната ракометарка Ања Алтхаус пред две недели стана македонска снаа! Имено, познатата спортитска му кажа „да“ на Дино Балиќ, а прославата се случи во еден познат скопски ресторан на која присуствувале само нивните најблиски пријатели и семејството.

Старосватица на Алтхаус и била модната дизајнерка Јована Филиповиќ која ја дизајнирала и венчаницата.

Пред да венчаат Дино и Ања беа во врска неколку години, а се запознале во Скопје откако Ања потпиша договор со Вардар и две сезони ги бранеше нивните бои.