БИДЕТЕ ХУМАНИ – „подари чевли и стопли нечие срце“

БИДЕТЕ ХУМАНИ – „подари чевли и стопли нечие срце“ .
Оваа хуманитарна акција организирана од наша страна е со цел да ја РАЗБУДИМЕ ХУМАНОСТА, да Ве потикнеме на подарување и заедно да успееме да помогнеме онаму каде што е потребно.
Чевлите собрани од оваа наша прва акција од ваков тип ќе бидат донирани на социјално загрозените лица при Републичкиот центар за лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА.
Акцијата ќе трае од 04.02-14.02 2019 година. Ваучерот со намалување ќе може да го искористите до 01.03.2019 година.
Ваша задача е да ги селектирате чевлите кои се добра состојба и да ги донесете во нашиот салон ДИАС кој се наоѓа на ул. Васил Главинов бр.1 -1/7 (зградата на Тифани, центарот на Скопје) и со тоа добивате ВАУЧЕР ЗА НАМАЛЕНИЕ од 40% за готовите модели и 20% за дизајнираните чевли.
Услови за донирање на чевли:
• Може да се донира машки и женски: чевли, патики, чизми.
• Да се чисти, да НЕ се оштетени или уништени.
• Да се во прилично добра состојба и употребливи.
• Да се за возрасни. Да се на НИСКА ПЕТА.
• Да опфаќаат броеви од 36 – 46

Напомена – Оние чевли кои нема да ги исполнуваат наведените карактеристики нема да бидат замени во предвид. На овој линк кликнете доколку сте заентересирани линк