Единствена и посебна! Новата колекција на венчаници ‘INFINITY Bride – 2020’ од дизајнерката Антонија Ристовска

Алката во низата на бесконечноста наречена живот

„Во бесконечната игра на љубовта, во бесконечната потрага по непознатото и среќата, младата девојка го слави бесконечниот извор на животот. Младата девојка е алката во низата на бесконечноста наречена живот. Девојка која е самосвесна, нежна, суптилна, духовита, со свој став и слободен дух. Токму тоа е инспирацијата за најновата колекција насловена ‘INFINITY Bride – 2020’“ – вели Ристовска.

 „INFINITY Bride – 2020“. Антонија Ристовска

Самосвесна, нежна и суптилна …

Следејки го својот препознатлив стил на изразување дизајнерката Антонија Ристовска во новата колекција венчаници повторно ја нагласува суптилно женската силуета.Забележлива е доминацијата на некласични тантели со геометриски форми ,кои во својата основа го имаат светлуцавиот ефект и богатите текстури.Овој пат доминира белата боја како симбол на светлост, чистота, раскош, симбол на совршенството.

Бесконечната игра на комбинирање на различни видови тантели и текстури ја прават секоја креација единствена и посебна. Креациите се збогатени со 3Д техники на аплицирање на кристали ,мониста и бисери.

Фотографиите ги потпишува фотографското дуо Ани и Дими, модели се Сара Ваневска и Викторија Филипоска, за шминката се погрижи Зоран Шурбевски, а за фризурите Адо Мурис Хамзиќ – HairDo.

 „INFINITY Bride – 2020“. Антонија Ристовска

Идните невести новата колекција можат да ја погледнат во атељето на Антонија Ристовска, а секако и на јубилејниот 10ти Саем за Венчавки на што сме особено горди.