Ексклузивни фотографии и видео од крштевката на синот и свадбата на Борко и прекрасната Николина

Репрезентативниот ракоментен голман, Борко Ристовски и неговата избраничка Николина минатиот викенд направија свадба. Но она што е вистински раритет е што истиот ден направија и крштевка на нивниот син Душан.

Борко е вистинска икона на македонскиот спорт но сепак свадбениот ден целосно и припадна на прекрасната Николина и се разбира нивното синче кое супер се забавуваше покрај тато и мама.

Свадбата се одржа во хотелот Мериот, а црквениот дел и крштевањето во Соборниот Храм.. Познати ликови, спортисти и околу 200 тини пријатели и роднини беа дел од оваа прекрасна свадбена веселба на која ги забавуваа Ѓоко Таневски, Фрајле и наум Петрески.

На Борко, Николина и Душан им посакуваме се нај што може да се посака, а на Борко му посакуваме успех во понатамошната кариера и уште долго да биде наша македонска гордост како спортист и пред се како човек кој е пример за прекрасен сопруг и татко.

За ексклузивните фотографии и видео им благодариме на професионалниот тим на Баба 3д Студио кои и овојпат на највисоко ниво ја завршија својата задача.