Елегантна охридска свадба Анита и Зоран

Во елегантен стил и на посебен начин на 09.06.2018 охриѓаните Анита Богданоска и Зоран Лолески ја крунисаа нивната 10 годишна врска во брак.

Во хотелот Инекс Горица пред 400 гости Ане блесна во гламурозна и префинета венчаница -венчаница со безвременска убавина CHANTALE од брендот Crystal designe достапен во салонот за ексклузивни венчаници Mimosa bridal од Охрид.

Уникатните детали надоврзани со аранжманите од свежо цвеќе во комбинација на црвени ружи и кали создадоа атмосфера која прерасна во ноќ за паметење.

Нивниот краток видео клип беше изработен од Digital Box продукција како сегменти од нивното запознавање па се до денот на свадбата каде и истата вечер пред свечената вечера беше емитуван.

A&Z

I know I am in love with you because my reality is finally better than my dreams. We visited different undiscovered places, 10 years ago and forever till the end of time! 💓

Geplaatst door Digital Box op Woensdag 20 juni 2018

На свадбата гостите ги забавуваше Јоце Панов, кој направи луда и незаборавна забава.