За кого се прави свадба? Младите или Родителите?

За кого се прави свадбата? За вас или вашите родители?

Венчавката Е Единствената Претстава Во Која Статистите Се еднакво Важни Како И Главните Актери

Збор два од уредникот за вашата венчавка и вашето семејство…

Зборовите од насловот ги напиша мојот татко, сеќавајки се на текстот од нашите покани за свадба.

И додека го вртам филмот од нашата венчавка ми се враќа една мисла, тој мајски ден ја славевме не само нашата љубов, туку и љубовта, почитта и приврзаноста кон нашите семејства.

Досега сигурно сте прочитале десетина совети, за тоа како венчавката е само ваш ден и дека сите одлуки треба да ги носите сами, а секаде има и по еден саркастичен наслов од типот- како во 5 чекори да се одбраниш од свекрвата итн.

Фактот драги наши младенци е дека во сопствените чевли, ќе мора да го изодите патот од веридба до свадба, но нема сомнеж дека вашето патување ќе биде едно од најважните но и најрадосните доживувања и на вашето семсјство и најблиските.

Замислете си

Замислете го само моментот кога мајката гордо поаѓа со ќерката во потрага по венчаница, а потоа кафе, кое долго ќе го пијат заедно..

Замислете само како мајката ќе го прераскажува пред своите пријателки моментот кога ја одбрале вистинската венчаница (како шиена за неа).

Или пак замислете го чувството на таткото кога ќе ја види неговата мезимица како се спрема да појде пред олтарот, а ете токму неа до вчера ја носел на училиште (како преку ноќ да порасна)
Замислете го и оној другиот татко, како му помага на синот да ја врзе краватата, здраавицата во машката соба и онаа машка прегратка за подршка.

Блага, а сепак доволно силна за да искаже љубов, гордоста и среќата што неговиот син станува маж.

Ја гледате ли среќата на неговата мајка кога го гледа тоа. Заборавете на сите стереотипи свекрва-снаа и почитувајте ја. И таа е во голема мера заслужна што сте се заљубиле во нејзиниот син.

Ете тоа е семејство! Затоа заедно со вас славиме и ние.

Доколку ви се допадна нашето видување на свадбениот ден, споделете и други да прочитаат. Ви благодариме Ве сака вашата Во Бело