Златна рипка во коверт на младенци во Прилеп им донесе СРЕЌА ПЛУС и 100.000 денари

Свадбата е најпланираниот и најсреќниот настан на двајца млади, а инстант лотаријата најнепланирано може да ти донесе СРЕЌА ПЛУС.


Кога по твојот најсреќен ден ќе отвориш коверт со лозови и уште ќе откриеш и добивка е неверојатно возбудливо, како да ти се дополнува среќата. Ова го потврдуваат младенците Бојан и Јасмина од Прилеп кои на својот најубав ден добија пакет инстант лозови СРЕЌА ПЛУС со во него Златна рипка вредна 100.000 денари.

Прекрасните Јасмина и Бојан Симоновски од Прилеп, својата љубов ја крунисале на 15ти јуни 2019та, со незаборавна свадбена прослава во ресторанот Ла Каза Гранде. На свадбената покана не напишале дека очекуваат инстант лозови, но дел од гостите им донеле неколку украсни коверти со во нив избор од богатата понуда на инстант лотаријата на Државна лотарија. 

По веселата свадба при отворање на подароците, нивното изненадување било навистина големо кога од подарените лозови покрај другите помали добивки, на лозот Златна рипка откриле добивка од 100.000 денари. Изненадувањето и радоста ги споделиле со најблиските, а средствата добро ќе им дојдат за бројните планови кои ги имаат на почетокот на нивниот заеднички живот. Златната рипка исполнува по три желби, па барем три од желбите секако ќе може да си ги исполнат со добиените непланирани средства. 

Бојан и Јасмина од Прилеп се дел од младенците кои во коверт добија неочекувано голем свадбен подарок. Насмеани и ведри ги запознавме во просториите на Државна лотарија. Им пожелавме среќа и љубов и уште еднаш се уверувме во тоа дека на младенците им е навистина добредојден пакет СРЕЌА ПЛУС.

Затоа, не пропуштајте во најсреќните мигови, да подарите инстант лозови!