Прекрасната Ивана е наша невеста на денот. Пред некоја недела таа стапи во брак со нејзиниот избраник Наум кој е струмичанец.
Студентската љубов (Битола) ја крунисаа со брак, а работните обврски ги преселија во Швајцарија. Сепак свадбата ја направија тука, а за бајковитоста се погрижија од Касаменто.
Ивана блеска во креација на дизајнерот Пепика.
Венчаницата е израбитена од светкав тул, а во горниот дел е украсена со 3д цветови. Додадениот опаш ја прави оваа венчаница елегантна и гламурозна.
Професионалните фотографии се дело на Баба 3д Студио.
Честитки за Ивана и Наум од се срце.