Ивона и Никола-Животот е убав кога чекориш со вистинскиот заедно!!!

Нашиот избор за свадба на неделата е венчавката на Ивона и Никола Филиќ. Еве што ни кажа Ивона за нивната свадба…

Човекот од соништата се запознава случајно, а среќата и љубовта се создаваат и градат со години… после осум поминати години заедно се одлучивме на овој свет чин- брак!

Пред една година на 18.08.2017 заминав на одмор на островската земја Малта, каде претходно мојот дечко, сегашен сопруг Никола, на 11.05.2017 замина од Македонија и ја одбра за живот и работа токму неа.

Возбудена од нашата средба после три месеци (прва толку долга), а вооедно и од убавините на оваа прекрасна мала земја го започнав одморот кој стана и ,,одмор од моите соништа’’.

На третиот ден си добив прстенче со три бели сафири кои до ден денес сјаат на мојата рака и сведочат за големото ,,ДА,,!

Времето помина брзо во подготовки на нашата свадба која се случи пред две недели на 18.08.2018 (истиот ден пред една година кога заминав за Малта) во ресторан ,,Градина,,.


,, Најубава и највесела свадба’’ се коментарите кои ги добиваме често!
За мојот изгглед се погрижија девојките од make up studio Kenza…

Наше мото : Животот е убав кога чекориш со вистинскиот партнер до тебе!

Честитки од се срце ве сака вашата Во Бело