Кате и Трајче од Соната си кажаа Да

Велешката група Соната е една од најбараните за свадбена прослава, а нивниот квалитет е несомнено на врвот на македоската естрада.

Пејачката на групата Катерина Брезева и нејзината љубов Трајче Бондиќов кој е исто така музичар во бендот после 18 години врска се решија да стапат во брак. Кате е веќе во поодмината бременост и со Трајче го чекаат нивното првородено дете. На социјалните мрежи објавија слика од стапувањето во граѓански брак, а ние од се срце им честитаме.