Клекна среде плоштад Македонија и ја запроси девојката

Момче ја побара за жена својата девојка, на Плоштадот Македонија во Скопје за време на настанот „Винтерленд“ .Тој клекна пред својата сакана со песната „All Of Me“ од Џон Леџнд, која се смета за една од најромантичните песни на сите времиња.

За убавата атмосфера, тој запали и свеќи во вид на срце.Присутните на Плоштадот со овации и со аплаузи ѝ честитаа на идната брачна двојка.