Кога бирате музичка група за свадбена прослава, тоа мора да се професионалци! Група “Седенка”

Со изборот на музика свадба и бенд никако немојте да импровизирате. Можете да изгледате прекрасно, салата да бибе топ декорирана, гостите расположени и храната добра, но доколку музиката не ви се погоди се ќе биде залудно.

Ние од се срце и со полна одговорност ви ја препорачуваме групата “Седенка”. Имавме чест на овогодинешниот Саем за венчавки да уживаме во нивниот музички перформанс и медениот вокал на Елена. Нивниот репертоар е навистина богат па сигурни сме дека нема да ве разочараат во изборот на музика.

Впрочем 12 годишнито искуство говори се, а за да ја надополниме целосно сликата за нив само ќе напоменеме дека дел од групата се долгогодишни музичари со професионален ангажман . Еве неколку видеа па вие сами проценете дали нашата препорака вреди.