Конечно и официјално Викторија Лоба во престапната 2020 ќе прави свадба

Љубовниот живот на пејачката Викторија Лоба отсекогаш бил мистерија за јавноста, а кога е во прашање нејзината мажачка, неколку години наназад во медиумите се провлекуваа разни шпекулации за нејзиниот брачен статус.

саем за венчавки

Таа пак, како да и годеше таквото нагодување, мудро си молчеше и како во турска серија, кога го добиваше прашањето дали најпосле се свршила со момчето, повторно оставаше прашалници – ниту да потврди, ниту да демантира.

Најпосле дојде и крајот на приказните дали се омажила или не. Лоба пред камерата на естрадниот магазин „Бекстејџ“ потврди дека е свршена и дека со саканиот ја подготвуваат свадбата која ќе се случи претстојната 2020 година.Инаку, Викторија Лоба и бизнисменот Ѓорѓи Калешов беа во врска околу шест години, а веќе се искусни и во заедничкиот живот.

https://www.facebook.com/atelierkocareva/
Викторија Лоба во креација на атеље Коцарева