Лејди Гага со свадба во Венеција

Само неколку месеци откако Лејди Гага објави вест за свршувачката со Кристијан Карин, извор близок на двојката тврди дека планираат скапоцена венчавка во Венеција, Италија на која ќе бидат поканети најголемите холивудски ѕвезди.

NEW YORK, NY – JANUARY 28: Recording artist Lady Gaga and agent Christian Carino embrace backstage at the 60th Annual GRAMMY Awards at Madison Square Garden on January 28, 2018 in New York City. (Photo by Kevin Mazur/Getty Images for NARAS)

Со оглед на нејзиното италијанско потекло оваа одлука не ги изненади нејзините фанови. Како што објаснува извор близок до двојката: Гага и Кристијан планираат скапоцена венчавка каде ќе бидат повикани најпознатите имиња од Холивуд, а се претпоставува дека свадбената прослава ќе чини некаде околу 5 милиони долари.

Гага планира да носи за свадбата креација дизајнирана од Донатела Версаче, а целата венчавка како и прославата нема многу да отскокнува од традиционалните италијански венчавки.