Неодоловиво слатко уживање од бебе до невеста “Sweet Things”

Очите ни се исполнија со убавина и се вљубивме во истиот момент кога ги погледнавме прекрасните путер колачиња на Ирена. Толку многу детали, колорит, прецизност и креативност на едно мало и неописливо вкусно колаче „скриено“ под името „Sweet things“.

Како се роди идејата за „Sweet things“?

-Идејата се роди од преголемата љубов за путер колачињата кои секогаш ме воодушевувале од нивниот излед па се до нивниот вкус. Инспирирана од нив пред 7 години се обидов да подготвам декоративни путер колачиња.

Првиот обид беше неуспешен, но љубовта повторно да се обидам не згасна во мене. Последниве 8 месеци се занимавам професионално со подготовка на овие слатки убавини кои се моја огромна страст и љубов. На овие колачиња им се посветувам со часови за да изгледаат како што посакував уште при првиот обид , а сега секој ден се повеќе добивам нови и нови инспирации, вели Ирена.

Кои се следните планови на „Sweet things“ ?

Следно нешто за кое размислувам и започнувам да се подготвувам е „Саемот за венчавки“ каде би сакала да се претставам со невестински путер колачиња како нешто многу интересно за младенците и нивните гости.

Целото интервју прочитајте го на Мак Мода