Никица е нашата невеста на денот!!! Нејзината приказна за бракот е совршен совет за секого!

Тој не е совршен….

Не си ни ти. Ниту вие двајца ќе бидете совршени. Но, ако тој може да те насмее барем еднаш, да те натера да размислуваш барем два пати и ако признае дека е човек кој греши, не го пуштај и дај му сè од себе.

Спасе и Никица-фото Бубо фотографи
Спасе и Никица-фото Бубо фотографи

Нема да ти рецитира поезија, нема да мисли на тебе во секој момент, но ќе ти даде дел од себе свесен дека ти можеш да го уништиш.

Не го повредувај

Не го повредувај, ниту не го менувај и не очекувај повеќе од она што може да ти даде. Смеј се кога те усреќува, викај му кога те лути и нека ти недостасува кога не е во близина.“ – Боб Марли
…имено! Во право бил човеков. Спасе не ми раскажува приказни пред спиење, не ми пали свеќи пред јадење, не ми ја фенира косата и не ги разбира секогаш женските периоди(кои и јас не си ги разберам.

Спасе и Никица-фото Бубо фотографи
Спасе и Никица-фото Бубо фотографи

Јас пак од друга страна не престанав да очекувам дека ќе ме побара кога седи 8 часа со другарите, јас не почнав да правам салата за заедно да пиеме ракија, не ги фрлив кармините, не му кажав збогум на штиклите, конечно, не престанав да сонам нереално.

Спасе и Никица-фото Бубо фотографи
Спасе и Никица-фото Бубо фотографи

Но знаете ли што е успеано за секогаш?

Ќе зборувам за мене. Спасе успеа во тоа да се будам со причина, успеа во едно мало, помалку забрзано, ментално реал – развиено битие да внеси сонце.

Засекогаш успеа од мене да оформи човек кој се смее на неговите грешки и трапавост. Успеа да создаде подобар лик и тој процес е се уште траен, се молам на Бога да остане.
Е јас пак на себе си ветувам дека од наелектризираната со плус енергија ќе префрлам и кај него, дека наивноста, во најневина и позитивна смисла на зборот, нема да му ја уништам и дека секогаш ќе го бакнувам додека тој (верувајте ми пресладок е) спие.

Спасе и Никица-фото Бубо фотографи
Спасе и Никица-фото Бубо фотографи

Па за сите тие верувања да посведочи и граѓанското и световното општество, накратко се заколнавме и пред закон и пред Бог.

Со помош на беспрекорните “Сињори” и екстремно талентираната Матра во тие моменти изгледавме ( се извинувам за нескромноста) токму како што е неопходно за бајка.

Спасе и Никица-фото Бубо фотографи
Спасе и Никица-фото Бубо фотографи

Бајката е започната, страните се пишуваат. За уште многу искрени зборови, за уште многу возвишени мисли, за уште многу љубов во таа бајка оставен е простор. Време е да се допишува…

Бајковитата фото приказна е дело на феноменалниот Бубо Фотографи