Новата колекција на венчаници од Атеље Коцарева виситнско ремек дело. Ексклузивно ќе биде изложена на Саемот за Венчавки

Новата колекција пролет/лето 2020г. на Ателје Коцарева е неверојатно зачудувачка и секоја венчаница воодушевува повеќе од претходната. Таа е вистинско ремек дело и е нешто поразлично од се што сме виделе претходно кај венчаниците.

-Со јасна цел да се истакне и оддржи уникатноста на креациите, отидовме подалеку од кога било до сега и создадовме неверојатно софистицирана и авангардна колекција.


Работевме со нови материјали и рачни изработки, за да постигнеме нови стилови и модели. Голем дел завземаат материјалите со точки и бисери а кај повеќето нај доминантен е францускиот тул, кој ја претставува женственоста и елеганцијата.


Новата колекција се карактеризира со транспарентни делови на фустаните и тонови на “ivory” боја.
За да постигнеме безвременски изглед, комбиниравме многу нови елементи, како што се наметки, големи додадоци за на струк, каиши, пердуви и драматични возови.

-Создадовме вид на невестински фустани што би можеле да се стилизираат за да изгледаат навистина класично и елегантно, или да бидат урбани и необични, во зависност од невестата.

Новата колекција на Ателје Коцарева ќе биде изложена на саемот за венчавки оваа година во Александар Палас 21/23ти февруари каде идните невести ќе можат да добијат одлични попусти за купување на готова венчаница или за шиење на нова.