Во среќни мигови, подари инстант лозови, подари СРЕЌА ПЛУС

Во среќни мигови, подари инстант лозови, подари СРЕЌА ПЛУС

Се помасовно прифатениот тренд за подарување инстант лозови за свадба усреќи голем број млади брачни парови и на првиот најсреќен ден од  нивниот заеднички живот им додададе СРЕЌА ПЛУС.

Од почетокот на трендот за подарување лозови за свадба, од март 2015та,  ковертите со избор лозови донесоа многу возбуда, радост, но и многу помали и поголеми добивки.

Меѓу поголемите парични добивки се добивките во вредност од 30.000, но и 50.000 денари, од 100.000 и од 150.000, за кои младите решија да ги потрошат на свадбени патувања или подновување на новиот дом.

СРЕЌА ПЛУС со возило во коверт до сега добија четири млади брачни парови, од кои во 2016та, Даниел и Ивана Сизовски од Скопје добија возило Фолксваген Пасат,

Во 2017та младенците Мартина и Јордан во Прилеп добија Киа Спортаж

Од  инстант лозот Паркирај Хибрид, два возила Тојота Аурис Хибрид донесоа СРЕЌА ПЛУС, едниот на свадба во Битола кај Пеце и Мирјана а другиот кај Стефани и Бојан во Скопје.

Во Државна лотарија имаме се почеста можност за средби со млади брачни парови кои ни ги раскажуваат своите среќни приказни и со нас споделуваат дел и од сведбените фотографии. Дел од нив напишале и посебни пораки на нивните покани за свадба, но и оние кои не напишале им се израдувале на  подарените коверти со избор од богатата понуда инстант лозови. Една од најновите приказни е токму на Јасмина и Бојан Симоновски на кои златната рипка им дојде на свадба со 100.000 денари.

Сите младенци беа согласни во тоа дека навистина е голема радост кога на свадба во коверт најнеочекувано ќе ти пристигне новиот автомобил или ќе добиеш парични средства.  

Државна лотарија го поддржува трендот за подарување инстант лозови со понуда на нови украсни коверти кои може да се најдат на сите уплатно-исплатни места ширум нашата земја. Ковертите се добиваат бесплатно со купени инстант лозови во вкупна вредност над 300 денари.

Сите кои сакаат да ги израдуваат своите блиски со можни добивки, може да одберат од богатата палета на инстант лотаријата.

Во ек се свадбените прослави. Ве потсетуваме кога подарувате во среќни мигови, подарете и инстант лозови, за забава, возбуда, добивки. Кога пожелувате некому среќа, подарете СРЕЌА ПЛУС.