Познатата македонска дизајнерка кажа Да! Дојде денот да креирам венчаница за себе

Еден од најубавите наши парови Саше и Пепика викендов се спремаат за свадба.

Сигурни сме дека нивниот свадбен изглед ќе биде беспрекорен, а свадбата исклучително весела и разиграна. Саше е професионален танчер во Танец, а поголемиот дел од нивните пријатели се музичари.

Пепика е една од нашите најбарани модни дизајнерки за венчаници и свечени тоалети, а малку ѕирнавмее и во подготовките на нејзиниот венчален фустан кој се разбира самата за себе го дизајнираше.

За нивниот изглед и повеќе детали околу свадбата ќе почекаме до викендов кога ексклузивно ќе ви пренесеме повеќе детали. Од се срце честитки за Саше и Пепика ве сака Во Бело.