“Саем за венчавки” Богата тридневна програма и решение за сите слатки свадбени “маки”

Саемот за венчавки традиционално и оваа година ќе се одржи во хотелот Александар Палас во периодот од 22 до 24 февруар. На саемот ќе има над 50 изложувачи од сите категории кои се неопходни за организирање на свадбениот ден.

Венчаници, свадбени кондури, накит и аксесоари

Веруваме дека изборот на венчаница е една од најголемите грижи на секоја идна невеста. Токму на таа тема на овогодинешниот саем ќе имаме досега најголема понуда.

Од модни брендови кои досега сме можеле да ги видиме само на интернет до новите колекции на најеминетните македонски дизајнери сето тоа на едно место. Од македонските дизајнери ќе спомнеме неколку: Антонија Ристовска, Пепика Атеље, Кадора, Биљана Каран, Нена Конели,Арта Љатифи, Анна Бора, Атеље Матилда, Моника Коцарева, Дивајн Дрес, Предраг Дјукниќ-Дјук, White Angels…Во делот на понудата од модни брендови за прв пат ќе имате можност да ги видите новите колекции од познати шпански и италијански брендови како Ману Гарсија, Ханибал Лагуна, Моника Лорети, Валерио Луна, а на саемот ќе има и по некој модел и на Вера Ванг и Проновиас.

Во делот на свадбените кондури идните невести ќе можат да одберат од специјалните модели (рачна изработка) на брендовите Диас и Каникова, а за бурми и накит тука се најдобрите Адор Голд. За машкиот изглед тука се најдобрите Тивес и Сињори.

Декорации, фото студија, ресторани …

Без добар ресторан, декорација и секако некој тоа да го слика и снима свадбениот ден нема да биде совршен. Своите понуди за свадбена веселба ќе ги понудат рестораните Тренд Вединг центар, Дениција-Везилка, Старо Буре, Ксантика, Аликас, Вила Ина-Далма и секако домаќинот Александар Палас, а за нивна декорација тука се најдобрите Висаж, Ава Атеље, Валер и др. За да ги запомнете сите моменти и долго да се пристетувате на нив ќе се погрижат професионалците Баба 3д Студио, Веста Продукција, Ристовски Вединг, Панајоти Шапкаров, Мјелма Продукција, Премиум продукција и др..

На саемот свое учество ќе земат и неколку фирми кои се занимаваат со покани за свадба и фото бут.

Торти и колачи

Свадбената торта има посебно внимание, а за совршена торта треба да знаете дека ќе имате фантастичен избор. Мариели Кејкс, Свит Тингс, Риниа Центар и др..

На свадба без подарок не се оди…Одберетe совршен подарок од Zepter затоа што младите го заслужуваат најдоброто во новиот почеток….

Свадбена шопинг картичка

Искористете ја можноста и аплицирајте за персонализирана шопинг картичка која ќе ви овозможи попуст кај нашите изложувачи се до денот на вашата свадба. Аплицирајте со име презиме и датум на свадба на меилот vobelo.com@gmail.com

Ревии и програма

Саемот се отвора со свечена модна ревија на 22-2 во 20ч каде како модели ќе се појават познати личности од нашата естрада (влез со покани). Сабота и недела на програмата има десетина модни ревии и перформанси, а за изгледот на моделите ќе се погрижат од Арт студиото за убавина. Во делот на свадбена шминка и фризура Арт студио ќе ви овозможи и пробна шминка за да бидете сигурни во изборот. Влезниците се купуваат во самиот хотел и чинат 100 ден. , а поголемиот дел од посетителите со влезницата ќе добијат и по едно списание на магазинот “Убавина и Здравје”

Најубавиот викенд е свадбениот викенд Саем за венчавки 22-24 февруар х. Александар Палас

контакт за саем vobelo.com@gmail.com fb-vo belo instagram vo