Свадба на неделата Симона и Михаил

Во совршен и малку поинаков амбиент од секојдневна свадбена прослава, Симона и Михаил на 1ви септември кажаа Да. Свадбата се одржа во Тренд Евент Вединг Центарот во нас. Аеродром, а беше комбинација на модерна и класична свадба.

Весело, радосно и разиграно како што и доликува кога двајца млади ја прославуваат својата љубов.

За убавите фотографии и професионалниот однос им благодариме на секогаш расположениот персонал на City Plus Foto , а посебна благодарност и до целокупниот персонал на Тренд Вединг центарот за совршениот амбиент, гостопримливоста и совршеното мени. Симона и Михаил од се срце ви посакуваме среќен брак и за некое време да не повикате на мекици, ве сака вашата Во бело