Свадба од соништата и 29 години помлада невеста за Тиесто

Диџеј Тиесто (50) се ожени со 21-годишната манекенка Аника Бекерс на венчавка среде пустина, која многумина шокираше.

Светски познатиот продуцент и диџеј Тиесто и моделот Аника Бекерс се запознаа во ресторантот „Catch“ во Њујорк, во 2015-та година, а сега направија гламурозна свадба во пустината Ута.

Магазинот „Вог“ известил дека на двојката им се придружиле само 80 гости во луксузното одморалиште со пет ѕвезди Амангири.

Невестата се одлучи за Оскар де ла Рента и Берта невестински фустан, кој изгледаше навистина неверојатно.Младоженецот изгледаше како Џејмс Бонд во класичен смокинг на Том Форд.