Свадба од соништата на Охридското крајбрежје Илина и Горан

Луксузна свадба на брегот на Охридското Езеро во Струга

Патиштата на Илина и Горан им се споија во Април, 2014 година, а нивната љубов
ја крунисаа со брак четири години подоцна на 12 Мај, 2018 година.

Илина и Горан
Илина и Горан

Илина и Горан имаа традиционална македонска свадба проследена со сите обичаи својствени за струшкиот крај, вклучувајќи земање на невестата, разменување на
погачи помеѓу девериците од двете страни, а бајракатарот и дел од сватовите беа во народни носии од струшкиот крај.

Со бајрактарот Илина и Горан

На свадбената веселба, зетот заигра на тапан на традиционалното оро – Македонска гајда.

Горан и Илина свадба

Чинот на венчавање го одржаа Отец Васко и Отец Петре во Манастирот Св. Богородица во с. Калишта, а главната веселба беше во ексклузивниот Hotel Mirage кој се наоѓа на брегот на Охридското Езеро во Струга.

Илина и Горан
Илина и Горан

На свадбата беа присутни 360 гости, а почесен гостин беше поранешниот Премиер на Република Македонија, господинот Никола Груевски заедно со сопругата Боркица.

На свадбата на Илина и Горан -бившиот Премиер Никола Груевски со сопругата Боркица
На свадбата на Илина и Горан -бившиот Премиер Никола Груевски со сопругата Боркица

Венчаницата е украсена со стотици мониста и светкави камења, додека долниот дел е од светкав тул, исто како и велот. Се работи за рачнo изработена венчаница, по мерка, од специјализиран бутик за ексклузивни венчаници, “Aida” од Тетово.

Илина блеска

Ексклузивните декорации на главната маса се од Elegance Decor, а поканите и останатите декорации беа изработени од Burst of Magic Design & Decor.

декорација

За музиката се погрижија Татијана Стефановска и Група Чардак, додека
прекрасните фотографии и видео материјали се дело на Love & Life Studio од Охрид.

Ilina & Goran – LOVE STORY

OUR LOVE STORY. Goran Zaturoski <3

Geplaatst door Ilina Pejoska Zaturoski op Vrijdag 15 juni 2018