Свадбената декорација е вистинска уметност!

Денес со гордост ви го претставуваме професионалниот тим на студиото за професионално осветлување и декор Висаж.

Висаж-студио за декорација и осветлување

Тие и оваа година беа дел од саемот за венчавки и со својата иновативност и креативност допринесоа целиот ивент да изгледа прекрасно.

Вредните раце на Елица и нејзиниот тим усреќија голем број на невести создавајќи им совршено осветлена и декорирана сала за свадбениот ден.

Ние од се срце им благодариме за огромната помош за саемот, а на вас идни невести од се срце ви ги препорачуваме Висаж.