Се омажи Нина

Последен ден како госпоѓица Јанева, објави македонската пејачка Нина Јанева која се омажи за нејзиниот сакан Александар, при тоа постирајќи и една необична фотографија од нејзиниот како што го нарече самата „Невестински пакет“ од „здрава храна“.

-Јас сум за некласична свадба со вистински луѓе. Ќе има и традиционална македонска музика, секако без турбофолк и непотребни моменти.

Семејството на Александар е големо, речиси двапати поголемо од моето, што значи дека планирам провод за сите генерации.Планот ми е вечерта да ја носат неколку наши познати диџеи кои ќе пуштаат back to back олдскул хип-хоп.

Тоа е мојата замисла за неконвенционална свадба – изјави Јанева неодамна во интервју за Женски магазин.Од она што скромно можевме да го дознаеме е дека Нина навистина не правела „свадба со зурли и тапани за цело село“.

Една мини семејна фотографија, како и фотографија од невестинската фризура и шминка на пејачката е се што можеше да се најде и дознае во моментов поврзано со свадбата на Јанева.