Снежана го запозна принцот и направи свдба како од бајките!

Снежана Маркоски има 38 години, две деца и на свадбата изгледаше прекрасно во венчаницата од тантела.Снежана Маркоски (38) е Македонка која живее во Австралија.

Таа се прослави со своето учество во третата сезона од австралиското реално шоу „The Bachelor“, кога му го освои срцето на ергенот Сем Вуд.

Тие се свршија кон крајот на 2015 година, а ја добија и ќерката Вилоу. Инаку, Снежана ја има и 13-годишна ќерка Ева.

Парот направи раскошна свадбена прослава, на која убавата невеста носеше во венчаница од брендот Pallas Couture. Таа беше изработена од тантела и со гол грб. Одлично ја истакна линијата на телото на Снежана.

За првиот свадбен танц парот ја избра песната „Stand By Me“.

Сем на социјалните мрежи напиша дека Снежана е неговиот ангел и неговото сè.