Со ревија на познатите во венчаници ќе стартува 9тиот Саем За Венчавки

Деветиот “Wedding Weekend” или Саем за венчавки и оваа година традиционално ќе се одржи во хотел Александар Палас од 22 до 24февруар.

За отворањето организаторот подготви специјална програма модна ревија на венчаници и машки костуми и свечен коктел.

Веќе е традиција на отворањето венчаниците да ги носат познати личности од македонската естрада.

Ревијата ќе се одржи во саемските сали (1700м2сите три хали) на хотелот, каде излагачите ќе претстават модели од своите нови колекции.

Саемот и оваа година ќе се обиде да им помогне во решавањето на дилемите на идните брачни парови, па освен венчаници и костуми ќе имаат можност да ги видат последните трендови за декорациите на свадба, фотографските услуги, специјалното осветлување, покани за свадба, шминка и фризура, накит, подароци за свадба, ресторани и др.

За прв пат саемот е интернационален, па така освен нашите најдобри дизајнери на саемот свое учество ќе земат и четири шпански, еден италијански бренд како и еден од најдобрите српски дизајнери на венчаници.

Во текот на викендот сабота и недела ќе има богата програма со неколку ревии како и специјален перформанс од наши музички ѕвезди. Прекрасната и шармантна Александра Илиевска (Брза Кујна) годинава е водител и домаќин на манифестацијата.

Работилниците за шминка и фризура ќе ви овозможат да видите што е тренд во невестинските фризури како и да направите проба за тоа што вам ќе ви одговара.Нека не ви раскажуваат колку било убаво, дојдете и уверете се сами, а воедно и свадбениот ден направете си го вистинска бајка. Како најава за предстојниот погледнете дел од атмосферата од минатиот саем.

Ве сака вашата Во Бело.