Ти си таа, најубавата, најглавната, најсветлата Ѕвезда “Деница”-Нова колекција на венчаници од Антонија Ристовска

Антонија Ристовска со својата најнова колекција на венчаници „Деница 2019“ носи креативна свежина и спој помеѓу модерниот и безвременски стил.

Деница-Колекција на Антонија Ристовска
Деница-Колекција на Антонија Ристовска

Нежната женска силуета повторно е суптилна и заводлива во меките и раскошни материјали, свила и тантела.

Деница-Колекција на Антонија Ристовска
Деница-Колекција на Антонија Ристовска

Дизајнерката ги поместува границите во модното изразување, неосетно задржувајќи ја естетиката од претходните колекции.

Деница-Колекција на Антонија Ристовска
Деница-Колекција на Антонија Ристовска

Инспирацијата за новата колекција е младата девојка која ја игра својата улога на главна Ѕвезда, ѕвезда во филмот во кој го слави својот нов почеток, својот нов живот. Креациите ја отсликуваат нејзината среќа и сјај, во исто време нежна и цврста, со својот став и слободен дух.

Деница-Колекција на Антонија Ристовска
Деница-Колекција на Антонија Ристовска

Новините во дизајнот се деликатни чипки кои изобилуваат со многу нежен светлуцав вез во својата основа, збогатен со кристали и бисери, пердуви и 3Д апликации.

Новите едноставни кроеви со нагласен струк со пенасти, пердувести и сјајни ефекти ја покажуваат тенденцијата на брендот Антонија Ристовска да го задржи акцентот на безвремената женска убавина.

Деница-Колекција на Антонија Ристовска
Деница-Колекција на Антонија Ристовска

Горди на нашите саемски изложувачи-Wedding Weekend 2019 Антонија Ристовска

Модели: Марија Андоновска и Душица Андоновска

Фотографија: Ани и Дими

Шминка: Зоран Шурбевски

Фризура: Адо Мурис Хамзиќ (HairDo)

Локација: Охрид