April 23, 2024

Девојките кои пред брак ја загубиле невиноста тоа се труделе да го скријат, од новопечените сопрузи, така што крварењето го лажирале со сунѓери натопени со крв…


Првата брачна ноќ има посебно место во бројни култури. Колку била важна потврдува и појавата на лажното девичанство во Европа во текот на XIX. век.Девојките кои пред брак го загубиле девичанството тоа се труделе да го скријат, од новопечените сопрузи, така што крварењето го лажирале со сунѓери натопени со крв или со крв од рибен меур.

Исто така се вшивале во гениталиите за да нивните сопрузи не се посомневаат, пишува Best Top News.

Секс со сите мажи на венчавката
На Маркижанските острови во Француска Полинезија првата браќна ноќ започнувала со песна и танц а потоа и со сексуален однос. Новопечената младенка требало да спие со сите мажи кои биле поканети на венчавката со тоа што прв бил најстариот маж а не младоженецот.

Право на прва брачна ноќ
Во средниот век во Европа важело правилото на прва браќна ноќ. Племството имале право на девичанството на новопечената невеста.

Меѓутоа, во историските документи пишува дека постои назнака дека такво правило постоело, но не се користело. Наместо девичанството, селанецот девичанството на својата сопруга можел да го спаси со плаќање данок, пишува Wise Geek.

Плаќање за невиност
Во африканската земја Бенин девичанството е на цена. Мајките ветуваат дека на својата ќерка ќе и дадат пари ако се покаже дека на првата браќна ноќ била невина.

Како доказ таа наутро ги бара трагите од крв на чаршавите.Сведоци на првиот секс
Во минатото во Јапонија младоженецот ја носел невестата преку прагот за да се осигура да не падне па со тоа и да донесе несреќа на нивниот брак.

Бидејќи девичанството на невестата било исклучително важно, после влегувањето на новиот брачен пар во спалната соба, би им се придружиле и однапред избраните роднини и пријатели чија задача била да сведочат на нивниот прв брачен секс, пишува Planet Wedding.