April 12, 2024

Месец на попусти во Кадора, дури до 50%

Од етаблираниот моден бренд Кадора имаме одлични информации за сите идни невести: единствено овој месец во студиото на Кадора можете да направите нарачка или купите од изложените венчаници дури до 50% попуст!

Додека ние се подготвуваме за нашиот јубилеен 10-ти Саем за венчавки, дизајнерките во Кадора ја подготвуваат новата колекција на венчавки за престојната 2020, која единствено овој месец можете да ја купите со попуст се до 50%.


Кадора подготвува колекција која е раскошна во истовреме суптилна, пронижена со бисери и кристали на свили, дантели со висок квалетет. Застапени се венчаници со минималистички дизајн и чисти лини со впечатливи детали, изработени од екстравагантни материјали до венчаници со раскошен волумен со акцентирани детали со рачно изработени везови.


Со овој попуст ќе имате одлична можност вашата венчаница од соништата да ја набавите на половина цена.


Кадора измината година дебитирше на Саемот на венчавки и веќе можете да ги препознаете токму по дизајнот на венчаници што се олицетворение на раскош и беспрекорна убавина, а за секоја невеста токму изборот на венчален фустан е клучен во целата организација на свадбената церемонија.

Доколку веќе ја планирате вашата венчавка, тогаш овој месец Ноември на ексклузивни попусти во Кадора е вистинскиот момент да се одлучите за венчаницата која совршено ви прилега.
Можете да ги посетите, се наоѓаат во Скопје на самиот паркинг на Сојуз на Синдикати.