March 24, 2024

Еден необичен пар од Лондон го кажа судбоносното “да” носејќи сосема исти венчаници. Ијан Њуман (53), кој е познат по тоа што носи женска облека, одлучи да остане доследен на себе и за време на големиот ден, па одлучи да облече венчаница.

Така, тој и неговата сопруга Ема Спер Њуман (51) се венчале во сосема исти фустани, пренесува Дејли Меил.

Тие двајца дури и заедно ги купувале фустаните, а на Ијан не му пречеше да облече и штикли.

“Во последните две години Ијан носи женска облека. Чудно е кога ќе го видам во маица и фармерки, бидејќи тогаш тоа не е тој”, рекла Ема.

Кога разговарале за плановите за венчавката, Ема рекла дека се договориле да носат исти венчаници. Таа рекла дека не ѝ е проблем и тој да носи венчаница, бидејќи тоа е и негов ден, а не само нејзин.Одлучиле да се венчаат една вечер додека разговарале на телефон, а се венчале додека биле на патување во Лас Вегас.На венчавката била и нивната ќерка Кејт (27), која му помогна на татко ѝ да се нашминка.