April 17, 2024

Електричен тротинет во СРЕЌА ПЛУС коверт

Росица и Васко Ефтимовски, се среќни младенци на кои им се потврди дека среќата ќе ги следи уште од денот на свадбата. Дојдоа кај нас со радост и возбуда раскажувајќи за прекрасното доживување кое им го подариле гости на свадбата преку инстант лозови во коверт. Покрај бројните помали парични добивки на различни инстант лозови, токму на лозот Еко скутер, во СРЕЌА ПЛУС коверт, откриле електричен тротинет. Росица сама со задоволство ја напиша нивната среќна приказна која ја споделуваме со вас.

Нашата среќна приказна е директно поврзана со нашиот најсреќен ден – нашата свадба, која ја прославивме на 11ти октомври во ресторан Парк во Скопје. Во поканите немавме наведено дека би сакале инстант лозови, но гостите и без наша напомена ни носеа. На нашиот најсреќен ден ни се создаде можност за СРЕЌА ПЛУС.

Утрото по свадбата, со првото брачно кафе нетрпелливо почнавме со гребење на добиените лозови, а адреналинот растеше со секој нов лоз Ги имавме многу од сите видови.

Си ги делевме кој што ќе гребе, си избиравме омилени, па динамиката и редот ги менувавме, си игравме со претпоставки за добивки, но всушност само наоѓавме начини да си ја продолжиме забавата.

.. И почнаа да се редат добивки, 30 денари, 50 денари, 180 денари, имавме и неколку од по 500 денари. Тие дури и си запамтивме од кого ни се за да им кажеме: дечки од вас ни се падна 500ка. Мојот сопруг многу сакаше да си купи електричен тротинет, за да биде еко дечко, кој брзо и едноставно секаде ќе стигнува. Кога видов дека имаме и такви лозови, му реков: е јас ќе изгребам за тебе тротинет. Имав чувство дека навистина така и ќе биде.

Во еден од ковертите СРЕЌА ПЛУС, потпишано од неговите другари имаше и лоз ЕКО СУТЕР. Една слика со тротинет изгребав, втора слика се појави и кога се наѕирна и третата веќе почнав да го гушкам. Ти рекоов, ти рекооов дека ќе ти изгребам тротинет – му велев. Ептен ни беше мило, добивката е одлична и многу посакувана.

Другарите беа можеби и уште посреќни дека од нив е среќичката и дека придонеле да имаме уште еден ден во низата на двојна среќа. Пресреќни сме и благодарни на Лотарија што го направи овој концепт. Ви благодариме во наше име и во име на сите младенци досегашни и идни што ни отворивте нови шанси за забава и радост со добивки. Вистинска СРЕЌА ПЛУС! Вистински погодок!