April 17, 2024

Бурмата е симбол и еден од најстарите обележја на бракот. Се носела уште во стариот Египет,а кругот го славеле како симбол на вечноста.

Вие можете да додадете сопствена симболика и да направите носењето на бурмата да биде уште поважно.

ador gold
ador gold

Направете ги вашите прстени да бидат вистински талисмани на брачната љубов и посветеност така што на нив ќе изгравирате нешто интимно и што на обајцата многу ви значи.

Што да одберете за гравура

На бурмите нема место за пишување на романи, затоа изборот треба да биде полн погодок за двајцата.

Зборови, симболи, букви, бројки…Но еве уште една идеја, доколку имате ваша песна изгравирајте ги во ноти првите акорди и секогаш ќе имате убав момент кога ќе ги погледнете.

ador gold
ador gold

Секако можете да бидете и постандардни па може да ги ставите датумот на венчавката, првиот бакнеж итн.

Надворешно или внатрешно гравирање

Вообичаено е гравирањето е од внатрешната страна но доколку одберете мазни бурми без додатни украси, тогаш и гравирањето од надворешната страна е сосема во ред.

ador gold
ador gold

При изборот на венчални бурми и друг накит од се срце ви ги препорачуваме нашите саемски изложувачи Адор Голд.