April 17, 2024

Оваа година модното ателје Коцарева ќе ја претстави својата најнова колекција на венчаници на скопскиот саем за венчавки од 22ри до 24ти Февруари. Новата колекција маѓепсува со свежи силуети и возбудливи форми.

Атеље Коцарева

Новите венчаници од колекцијата пролет/лето 2019 опфаќаат четири различни стилови на невести. Фустаните одговараат на вкусовите на невестите кои го сакаат најдоброто за себе на нивниот најголем ден, а сепак да останат верни на нивниот личен стил.

Колекцијата се базира на бохо стилови на невести, романтични стилови, невести со класични стилови и невести со модерни стилови.

Бохо стилот на венчаници, се поедноставни и главно направени од лесни ткаенини. Тие резултираат со леснотијата во движењето, голи грбови, корди, и транспарентни делови. Чипкани детали завземаат главен дел во овој стил и го заокружуваат нивниот изглед.

Широките фустани направени од тул и чипка се клучните маркери на фустаните за невести со романтични стилови. Принцеза или А-линија на силуети се совршени за овие бајковити стилови на венчаници, со детали на мунистри и кристали за совршен изглед.

Повеќе традиционалните невести кои ги сакаат фустаните со класичен стил, се направени од чипка, брокат, жоржет и шифон. Сите се издвојуваат со рачно изработените везови и грандиозните над-суќни или суќни на колан кои можат да се одстранат. Чипката, бисерите и транспарентните делови се совршено искомбинирани со грчкиот стил околу вратот, корсетите без прерамки и длабовите ”V” изрази.

И на крај модерниот изглед се карактеризира со минималистички сирена фустани, кои ја истакнуваат женската фигура. Можеби тие се фустани за невести кои се чувствуваат секси и смело, ткаенините со еластин кои стојат прилепено за телото се нај застапени во овие модели.

Длабоки изрази напред или назад, игра со транспаренти делови и деликатни детали искомбинирани со цел да се создаде убава силуета. Овие фустани имаат едноставни кроеви кои ја надополнуваат вашата фигура, и се совршени за невести кои бараат модерен изглед.

Модното ателје Коцарева со седиште во Охрид за прв пат го отвора својот продажен салон и во Скопје на улица Метрополит Теодосиј Гологанов 64. Ателјето се очекува да биде отворено до крајот на овој месец.