March 24, 2024

Ресторан Ксантика е модерен и луксузен комплекс за свадби и свечености кој се состои од две целини, сала за свечености специјално дизајнирана за летни и зимски свадби со капацитет од 350 гости и летна бавча под отворено небо со капацитет од 500 гости.

Салата за свечености е опремена по светски стандарди, со подно греење, со најсовремена опрема за светлосни ефекти, ѕидови од тврда градба погодни за најразлични можности за украсување и аранжман, како и голем подиум за играње без внатрешни столбови и прегради.

Оваа комбинација на капацитети и можност за флексибилност овозможуваат брзина и прилагодливост на прославите во зависност од временските услови непосредно пред почетокот на прославата.

Дополнително, нудиме капацитети за хотелско сместување на гостите и луксузен апартман за младенците. Во склоп на комплексот е обезбеден и паркинг простор кој е под постојан надзор.

Независно дали станува збор за свадба, деловна или приватна прослава, Ве покануваме да не контактирате, да се запознаете со просторот и со нашиот тим, а со тоа и заеднички да креираме понуда по Ваша желба.