April 20, 2024

Почитувани идни невести и младоженци, со гордост ви најавуваме дека саемот за венчавки Wedding Weekend 2019 е закажан и традиционално по 9ти пат ќе се одржи во х.Александар Палас.

Save the Date

22 до 24 февруар е викендот кога на 1800м2  над 60 изложувачи од сите сфери на свадбениот бизнис ќе ви ги претстават новитетите во декорациите, новите колекции на венчаници, накит, машки костуми, фото и видео продукција, ресторани итн.

Нови колекции на венчаници

И оваа година најдобрите ќе бидат на едно место, а вие ќе имате неповторлива можност да уживате, а воедно и да го искористите големиот саемски попуст кои нашите изложувачи го нудат.

Оваа година понудата ќе биде дополнително збогатена со голем избор на венчаници од новите колекции кои специјално најдобрите наши креатори ќе ги прикажат на саемот, а понудата ќе биде збогатена и со светски брендови.

Во Бело
Следете ја нашата фб страна Во Бело и тагнете ги пријателките кои се спремаат за својот голем ден.

Наскоро ќе започна и пријавувањето за свадбената шопинг картичка која на идните невести ќе им овозможи попуст кај сите изложувачи во текот на целата година.

За било каква информација слободно пишете ни на меил vobelo.com@gmail.com или во инбокс на фб.