April 17, 2024

Запросувањето е прекрасен момент, но истовремено и неверојатно напнат за мажите. Сепак станува збор за момент кој и двајцата ќе го паметите до крајот на вашиот живот…

Доколку таа каже „да“, секако. Токму затоа воопшто не изненадува фактот што кај некои мажи срцето чука толку силно што го чувствуваат како удира во нивните гради и им предизвикува да треперат пред овој голем момент.

Но, колку брзо чука срцето на еден маж за време на запросувањето? И дали тоа е најнервозниот момент со кој тие се соочуваат во целиот свој живот?

За да добие одговор на овие прашања, корисникот на Редит, „sesipikai“, одлучил да се поврзе со направа за набљудување на срцето и да го снима своето срцебиење за време на запросувањето.

Графикот кој тој го направил е навистина забавен за набљудување, но веб-сајтот „GOOD“ решиле да го претворат во интересно видео кое посликовито ни покажува што точно се случувало со неговото срце во текот на целиот процес.
Запросувањето е прекрасен момент, но истовремено и неверојатно напнат за мажите. Сепак станува збор за момент кој и двајцата ќе го паметите до крајот на вашиот живот… Доколку таа каже „да“, секако.

Токму затоа воопшто не изненадува фактот што кај некои мажи срцето чука толку силно што го чувствуваат како удира во нивните гради и им предизвикува да треперат пред овој голем момент.

Но, колку брзо чука срцето на еден маж за време на запросувањето? И дали тоа е најнервозниот момент со кој тие се соочуваат во целиот свој живот?

За да добие одговор на овие прашања, корисникот на Редит, „sesipikai“, одлучил да се поврзе со направа за набљудување на срцето и да го снима своето срцебиење за време на запросувањето. Графикот кој тој го направил е навистина забавен за набљудување, но веб-сајтот „GOOD“ решиле да го претворат во интересно видео кое посликовито ни покажува што точно се случувало со неговото срце во текот на целиот процес.

Во оваа визуелизација на податоците, ние имаме можност да следиме 40 минути од неговото срцебиење, скратени во 90 секунди, додека тој се подготвува за запросувањето. Неговиот најнервозен момент е всушност моментот кога го поставил прашањето, каде што неговото срцебиење е 127 удари во минута.