April 17, 2024

Антонија Ристовска со својата најнова колекција на венчаници „Деница 2019“ носи креативна свежина и спој помеѓу модерниот и безвременски стил.

Јана Бурчевска во креација на Антонија Ристовска

Прекрасната колекција имавме можност да ја видиме на 9тиот Саем за венчавки 2019, а водителката и пејачка Јана Бурчевска изгледаше како вистинска самовила во венчаницата од оваа колекција.


Јана Бурчевска во креација на Антонија Ристовска

Јана има долгогодишна соработка со дизајнерката Антонија Ристовска и не прв пат за нејзиниот изглед да се грижи една од најеминетните македонски кратори.


Јана Бурчевска во креација на Антонија Ристовска

Гостите на саемот имаа исклучителна можност во саботата да уживаат во целосна ревија на која беа прикажани моделите од новата колекција Деница.


Нежната женска силуета повторно е суптилна и заводлива во меките и раскошни материјали, свила и тантела.

Дизајнерката ги поместува границите во модното изразување, неосетно задржувајќи ја естетиката од претходните колекции.