3 венчаници, 9 деверици и свадба од соништата! Се омажи нашата позната дизајнерка Моника Коцарева

Под отворено небо – бајковити декорации со илјадници свеќи и сијалички, разиграни торти со свежо цвеќе, и три креации од соништата… свадбената прослава на младиот пар предизвика вистинско одушевување.

Избраникот на Моника Коцарева е хрватот Ергич Бранко. Со кој е заедно речиси 5 години.
Бранко ја запроси Моника оваа пролет во Парга, во луксузниот ресторан Мед.

Нивната свадба се одржа овој месец во Охрид под отворено небо. Дизајнерката носеше три креации која сама ги креираше.
Главната венчаница е работена 50 работни часа од страна на три вработени. Романтичната креацијата во која е вложен многу труд во себе содржи безброј кристали и чипки који се рачно везани. Природните пердуви од ној на венчаницата и даваат нежност и префинетост во исто време.


Поставата е кожа боја со цел што повеќе да се истакнат елементите на везовите. Долниот дел во себе содржи неколку слоеви на “хајл” тул.
Прекрасен дел на венчаницата завземаат и копчињата по ‘рбетот кои се во форма на бисери и ја прават оваа креација во целост романтична.

Втората креација која ја следи линијата на телото е направена од многу реси везани со ситни мунистри. Поради големиот број на мунистри тежината на ресите го дава луксузниот момент на венчаницата која е со длабоко деколте и висок шлиц од задната страна.

Третата креација се пантолони со голем додадок на задниот дел кои им дава вистински раскош и елеганција. Корсетот е проѕирен, со 3д чипка на градите.

Девет прекрасни деверуши ја разубавуваа венчавката во црни елегантни фустани во црквата Канео во Охрид.

Свадбата се одржа под отворено небо. Терасите каде се одвиваше настанот беа декорирани со аранжмани од илјадници свеќи, како во холивудските свадби. Главната маса беше поставена пред базенот каде рефлектираа на водата сијаличките и свеќите.

Гостите воглавно танцуваа на одбрана актуелна музика и прекрасно се забавуваа. Се служеше вкусна традиционална охридска храна и прекрасни вина.


Забавата беше како од филмска сцена на терасите на Хотел Коцарев, каде беше направен специјален подиум со цел гостите да танцуваат под ведрото небо и да уживаат во неверојаниот амбиент на свадбената забава во Охрид.

Честитки од се срце за Моника и нејзиниот сопруг. Нејзините најнови креации и оваа година ќе можете да ги погледнете на 10тиот саем за венчавки 21-23 февруар.