5 водечки трендови на венчаници за 2019-2020

Еве ги најважните трендови на невестински фустани за 2019.

Ретро стил

Ретро стилот е водечки тренд за 2019. Дизајнерите се враќаат на стилот на венчаниците од раните 90-ти години, но и на оние од 70-те години. Доминантни се бохо-креациите и цветовите. Но тука се и хипи изгледите и кога се венчаниците во прашања, но и кога станува збор за изгледот на косата.

Чипка

Тантелата се враќа на голема врата. Венчаниците се целите со чипка, романтични и со софистицирана текстура. Моделите можат да бидат со цветна чипка или едноставно со тил. Во секој случај, чипкастата венчаница е безвремена. Моделите се разликуваат од модели со долги ракави до модели со отврен грб (длабоко деколте на грбот). Ова е воедно и еден од најромантичните трендови.

Мазна текстура

За оние кои ја сакаат едноставноста, евергрин е секако, а моментно и голем тренд, мазната и едноставната венчаница. Предноста на изборот на модел со овие карактеристики е тоа што можете да играте со сè друго. На пример, одберете голем букет, асиметрични обетки или шарени чевли – најголем тренд во последниве сезони.

Комбинезон

Во 2019 година многу познати креаторски имиња го форсираат трендот на комбинезон наместо на фустан. Моделите се различни, но сите се многу фенси.

Мини

И оваа година се застапени мини-венчаниците. Тие не мора ни да се бели, туку во различни пастелни нијанси и дизајнирани од најразлични материјали. Може да бидат и инспирирани од 50-те години, но и модерни со асиметричен крој.