March 22, 2024

Саемот за венчавки е сигурно најдоброто место за решавање на сите свадбени слатки грижи. Вообичаено најслатката грижа за секоја идна невеста е изборот на венчалниот фустан, а нејзините деверици, кума, старосватица, свекрва, мајка итн.. грижата е да го пронајдат совршениот свечен фустан.

Ние сме сигурни дека Саемот ќе ви го реши овој проблем. Оваа година изборот е навистина најголем досега, врвните наши дизајнери од цела Македонија но и еминентни странски брендови ексклузивно ќе ги претстават своите нови колекции на 10тиот саем за венчавки, а дел од нив ќе настапат и со индивидуални модни ревии.

Модни дизајнери кои се изложувачи

Вкупната бројка на саемски изложувачи е над 50, а со венчаници и свечени тоалети на саемот ќе имате можност да ги видите; Елена Лука, Антонија Ристовска,Нена Конели, Мкоутуре, Проминент, Атеље Сона, Пепика Атеље, Атеље Коцарева, Анна Бора, Бјанка Споса, Ателиер бај Сониа, Кадора, Венчаници Жана како и “White Angels” со колекциите на врвните италијански и шпански дизајнери како Manu Garcia, Valerio Luna, Monica Lorreti, Angella di Marino i Hanibal Laguna. Секако дека и младоженците ќе имаат можност да одберат врвно одело и обувки од Сињори, Тивес и Диас.