Доколку нема свадби без работа ќе останат илјадници луѓе!

Без свадби без работа ќе останат илјадници луѓе!!!
Во Македонија просечно се прават околу 14 до 15000 свадби годишно. Со моменталната криза и откажувањето на свадбените прослави се опфатени иљадници мали и средни фирми кои вработуваат над 5000 работници.

Без работа остануваат многу свадбени ресторани, свадбени фотографи, атељеа за декорации и цвеќари, бутици и дизајнери на венчаници и свадбени костуми, музичари,фризери, шминкери, фирми кои изработуваат покани и мн.други кои директно или индиректно се засегнати.

Решение мора да се најде и тоа што поскоро.


Свадбите имаат голем придонес во севкупната економија!


Веќе напоменавме дека без свадби околу 5000 работници ќе останат без работа, но тоа е само еден сегмент од проблемот. Вториот е уште поголем, а тоа е во бројка некаде околу 30 000 000 евра колку што отприлика се вртат во овој бизнис. Една свадба како просек чини околу 10 000 еу, ако на тоа го придодадеме и трошокот на гостите на секоја свадба (250 гости) што во подарок, а што во лична подготовка (уште 10 000 еу) тоа заедно е околу 20 000 еу по свадба што на годишно ниво не е помалку од 30 000 000 еу.


Социјалниот ефект!


Зошто се прават свадби? Одговорот е едноставен, за да ја славиме љубовта и новиот почеток на младенците во формирањето на семејство и брачна заедница. Кога славиме секогаш тоа сакаме да го направиме со најблиските, роднините, пријателите, колегите итн. На тој начин ги собираме на едно место сите и бабите и дедовците и внуците, братучедите, заеничките пријатели и така две семејства стануваат ЕДНО. Без тоа ќе се заборавиме, оттуѓиме, ќе заборавиме на традицијата. Без свадби ќе останеме посиромашни за еден прекрасен спомен кој ќе сакаме да им го прераскажеме на идните поколенија.

Ова е само мал сегмент на проблеми со кои ќе се соочиме доколку не се пронајде решение!!! Да го пронајдеме заедно.