Бомбакис во свој стил ја запроси девојката

Кристијан Станковски или по социјалните мрежи познат како Бомбакис (дечкото со картоните) во свој стил ја запроси својата сакана девојка Вики. Имено викендов на плажа во Грција ја изненадил со картон на кој пишуваше “Ај сеа кажи Да” . Секогаш креативен и насмеан Кристијан го освои срцето на Вики но и на многу негови следбеници на социјалните мрежи. Бомбакис и Вики честитки од се срце од екипата на Во Бело.