После четири месеци од свршувачката, поранешанта мисица и актерка Пријанка Чопра и пејачот Ник Џонас се венчаа.
Парот се венчаше во саботата во татковината на Чопра, Индија.
Меѓу другото, Чопра и Џонас го прославија својот брак со обожавателите споделувајќи фотографии од една од предвенчалните церемонии.
На фотографиите актерката е облечена во специфичен разнобоен фустан и изгледа фантастично и среќно, како и нејзиниот сопруг.
На Пријанка и Ник стапувањето во брак им го честиташе Ралф Лорен, кој специјално дизајнираше фустан за 36-годишната невеста и исто така се погрижи за изгледот на Џонас.

– На гостите ќе им треба одмодр после нашата венчавка – се пошегува Чопра во интервју објавено минатата седмица.
Пријанка и Ник се во врска од мај 2017. Пејачот и предложил брак на Пријанка за време на прославата за нејзиот 36. роденден, со прстен од брендот „Тифани & Ko“, а таа со задоволство прифатила.