Дениција е нов ресторан кој се наоѓа на булевар Борис Трајковски / Првомајска во Кисела Вода и започна со работа во Јуни оваа година.
Дениција е помалата сестра на Везилка, водена од истиот тим кој успешно ја позиционираше Везилка меѓу најдобрите ресторани во Македонија.

Дениција е современ, модерен и елегантен простор кој е дизајниран за да ги импресионира дури и тие со највисоки стандарди.
Горди сме на нашите изложувачи на саемот за венчавки каде и оваа година најдобрите ресторани како што се Везилка и Дениција ќе ви понудат место каде што вашата свадба ќе биде незаборавна.