Основни правила кога сте гостин на свадба! Свадбен бонтон кој не смеете да го прекршите.

1. Не носете бело. Секако, еве ме мене облечена во долг блескав бел фустан со отворено деколте, но ова е твој ден! Невестата е центар на внимание. Облекувањето бел фустан за на свадба е себично.

2. Не се појавувајте со партнер кој не бил поканет.

3. Не доаѓајте повеќе отколку што сте најавиле. Доколку сте најавиле дека ќе дојдете со вашата сестра, на свадбата треба да пристигнете само вие две.

4. Не жалете се за храната или музиката. Едноставно забавувајте се и не им го расипувајте денот на останатите, колку и нешто да не ви е по ќеф.

5. Немојте да сликате и снимате постојано. Некој се потрудил да го организира денот во најдобар ред за сите гости да уживаат. Сликајте се неколку пати со младоженците, но останатото препуштете им го на професионалните фотографи.

6. Не споделувајте фотографии од венчавката на социјалните мрежи без претходно одобрување од младоженците.

7. Не разговарајте за време на венчалната церемонија. Тие двајца даваат заклетви за верност и љубов во текот на целиот живот. За тоа каде сте го купиле фустанот и колку чинел може да раскажете подоцна.

8. Не осмелувајте се да пробате од свадбената торта предвреме. Никако, ниту лиз.

9. Не ја користете венчавката за да флертувате и да се сплеткате со некој/а. Секако, доколку наиде прилика, зошто да не. Но наоѓањето партнер на нечија свадба не треба да ви биде примарна цел.

10. Никако не кажувајте глупава здравица, посебно не онаква која ќе открие незгодни детали за минатото на младоженците. Ако немате што паметно да кажете, подобро молчете.

11. Не дозволувајте си да се испијаните до непрепознатливост и да предизвикате скандал. Свадбата не се организира со цел слободна пропусница за алкохол.

12. Не плачете пред невестата бидејќи за брзо ќе ја расплачете и неа.

13. Не ја бакнувајте невестата во образ доколку носите црвен кармин. Не правете ништо што би можело да ѝ ја уништи шминката.

14. Доколку имате деца држете ги под контрола.

15. Во никој случај не смеете да истурите нешто на невестинскиот фустан.

16. Почитувајте го дрес кодот. Ништо вулгарно кога одбирате облека за на свадба.

17. Не дозволувајте си да се искарате со некого и да направите сцена.

18. Планирањето на свадбата како и целата свадбена церемонија е голем притисок за невестата. Што и да правите не дозволувајте си да ја изнервирате.